Забава МАГАЗИН

Принцот Чарлс може да излезе од самоизолација

Принцот Чарлс закрепнува од заразата со коронавирус и сега може да ја напушти самоизолацијата, откако помина седум дена во карантин.

Неговата сопруга Камила Паркер Боулс е негативна на тестовите за коронавирус. Според Бакингемската палата, принцот се чувствува добро и ги применува сите совети, но и ги почитува рестрикциите кои британската власт ги усвои.

„Куќата Кларенс потврдува дека принцот, по консултации со лекар, може да ја напушти самоизолацијата“, се вели во соопштението.

Тој беше седум дена во карантин во Биркхол. Според инструкциите на британската власт, секој кој чувствува симптоми мора да се самоизолира седум дена, а останатите од семејството треба да се изолираат 14 денови, наведува Би-би-си.

Поврзани вести

Кралицата Елизабета е исцрпена и емотивно и физички

Елена Даскалова

Расел Кроу поради пожарите во Австралија не дојде на Златните глобуси

Јајцата го чуваат вашето здравје

Кристина Денесовска

Подгответе вкусни лазањи од палачинки

Три хороскопски знаци кои најлесно поднесуваат раскинување

Елена Даскалова

Како да препознаете дека сте претерале со кафе?