Забава МАГАЗИН

Принцот Хари и Меган Маркл ја напуштија Канада

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја напуштија Канада и се преселија во Лос Анџелес, каде планираат да живеат постојано откако се повлекоа од кралските должности, објави во четвртокот британскиот The Sun.

Доколку им се верува на пишувањата на британските таблоиди, Хари и Меган со приватен лет заминале во Лос Анџелес, но не наведуваат кога, а портпаролот на принцот одбил да ги коментира наводите. Хари и Меган на крајот на овој месец престануваат со кралските должности и како што најавија, ќе изградат нова прогресивна улога, со седиште во Северна Америка, која намеруваат да ја финансираат самите.

The Sun повикувајќи се на инсајдерски извори, пишува дека парот преселбата ја планирал веќе некое време, бидејќи сфатиле дека во Канада нема да успеат од неколку причини и дека сакаат да живеат на подрачјето на Лос Анџелес каде Меган израснала и каде живее нејзината мајка.

Магазинот People, исто така повикувајќи се на неименуван извор, објави дека парот веќе се вселил во домот во Лос Анџелес и дека не излегуваат надвор, бидејќи тоа е една од мерките на Калифорнија против коронавирусот.

Поврзани вести

Понежната страна на „Златната топка“ (ФОТО)

Елена Даскалова

Лимонов колач со бадемово брашно

Елена Даскалова

Намирници кои би требало да ги јадете барем еднаш неделно

Кристина Денесовска

Најскапата колекција на виски во светот е на продажба

Влатко Зорба

Крис Џенер на Сторми и подари огромна куќа за играње

Кристина Денесовска

Аронија – неизоставен дел од вашата исхрана

Елена Даскалова