Забава МАГАЗИН

Принцот Хари и Меган Маркл размислуваат за второ дете

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, размислуваат за второ дете. Тоа го тврди извор близок до британското кралско семејство, објави „Дејли експрес“.

„Тие сигурно сакаат уште едно дете. Меган рече дека ќе има две деца”, сведочи неименуваниот пријател.

И пријателот на покојната принцеза Дајана, Пол Барл го потврди тоа во една прилика.

На 6 мај 2019 година, на принцот Хари и Меган Маркл им се роди синот Арчи Харисон Маунтбатон-Виндзор. Тој тогаш го зазеде седмото место за наследување на британскиот престол по неговиот дедо – принц Чарлс, принцот Вилијм и неговите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј, и – по принцот Хари, татко на Арчи.

На 1 април, принц Хари и Меган Маркл се откажаа од своите должности како членови на британското кралско семејство и се преселија, прво во Канада, па во Лос Анџелес, САД. Наредните 12 месеца тие сѐ уште можат да сметаат на финансиската помош на принцот Чарлс.

Поврзани вести

Анкетата одлучи: Еве што кај жените најмногу ги привлекува мажите

Stefanija Kuzmanovska

Леди Гага откри како се откажала од пушењето

Кристина Денесовска

Норт Вест ја доби на подарок јакната на Мајкл Џексон (ФОТО)

Елена Даскалова

На овој прекрасен медитерански остров ќе ви ги вратат парите доколку врне

Познато колку Џордан ќе заработи од „The Last Dance“

Stefanija Kuzmanovska

Славна манекенка во врска со ќерката на Синди Крафорд (ФОТО)