Забава МАГАЗИН

Привилегии без кои остануваат Меган и Хари

Во вторник, 31 март, војводата и војвотката од Сасекс официјално ќе отстапат од своите кралски должности и ќе се посветат на својот нов живот, кој ќе го водат во Британија и Северна Америка.

По овој датум, парот повеќе нема да ужива во привилегиите кои ги имаат членовите на монархијата.

Повеќе нема да патуваат по светот во име на кралицата

Сега кога Меган и Хари повеќе нема да работат во служба на кралското семејство, нема веќе да можат да извршуваат должности во име на кралицата, вклучувајќи и патувањата низ светот.

Нема да добиваат пари од Sovereign Grant

Парот јасно стави до знаење дека сакаат да бидат финансиски независни, што значи дека повеќе нема да добиваат пари од кралицата.

Sovereigin Grant е годишниот механизам на финансирање на монархијата, кој овозможува членовите на кралското семејство да ги одржуваат своите службени резиденции и деловни простори.

Меѓутоа, Хари и Меган ќе продолжат да добиваат пари од принцот Чарлс.

Ќе мора да вратат 2,4 милиони фунти

Парот ќе мора да ги врати парите кои беа потрошени на реновирање на нивната куќа. Трошоците за куќата која се наоѓа на имотот на кралицата во Винздор, беа објавени во 2018 година и даночниците ги чинеа 2,4 милиони фунти.

Повеќе нема да имаат канцеларија во Бакингемската палата

Во јануари беше одлучено дека канцеларијата на Меган и Хари во палатата ќе биде затворена, што резултираше со тоа што вработените останаа без работа.

Нивното обезбедување повеќе нема да биде финансирано од владата на Канада

Од ноември 2019 година, Меган и Хари претстојуваа во Ванкувер, каде канадската влада им го финансираше осигурувањето.

Меѓутоа, оваа држава има намера да престане со таа навика, кога службено ќе останат без титулите.

Повеќе нема да бидат заштитени од папараците

Сега кога парот повеќе не работи за кралското семесјтво, повеќе нема да биде дел од кралскиот состав. Тој состав обезбедува одобрени фотографии од членовите на кралското семејство, според закон.

Меѓутоа, сега медиумите ќе ги третираат Меган и Хари како познати личности, па голема е шансата нивните фотографии да се најдат на интернет без нивно одобрување.

Поврзани вести

Сара Џесика Паркер ѝ оддаде почит на Кери Бредшо

Кристина Денесовска

Роберт Дауни Џуниор како нов доктор Дулитл (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Пет мачки кои се најголеми интернет-ѕвезди

user2

Која е Сама, девојчето од документарецот што беше конкурент на „Медена земја“?

Елена Даскалова

Грешки кои ги прават родителите, а кои можат да имаат лош ефект врз нивните деца!

Stefanija Kuzmanovska

Облека која треба да ја избегнувате за време на изолацијата

Кристина Денесовска