Забава МАГАЗИН

Проблематичната актерка Хедер Локлир фотографирана на прошетка со семејството

Проблематичната актерка Хедер Локлир веќе подолго време се бори со зависности и веќе три пати беше сместена во установа за одвикнување од алкохол. Моментално таа е заедно со семејството во самоизолација.

Се чини дека семејството ѝ е најголема поддршка за да остане трезна и да стои што подалеку од опијатите. Со момчето Крис Хеисер, ќерката Ава Самбор и нејзиното момче, на кратко „побегна“ од карантинот и прошета во Вестлејк Вилиџ во Калифорнија.

Актерката била во лежерно издание, како и остатокот од семејството, облечена во бела маичка и тесни тренирки и патики.

Хедер своето момче го запозна уште во средно училиште, но дури неодамна се споиле. Минатата година имаа караница во која Хедер го истепа и исфрли од дома.

Актерката во последните неколку години ги полнеше насловните страници со своите зависности и скандали кои ги правеше во алкохолизирана состојба. Пред две години, два пати беше уапсена бидејќи во алкохолизирана состојба се расправала со полицијата. Потоа, по судска одлука беше во клиника а одвикнување. Еднашка беше уапсена бидејќи ја гушела својата мајка Дијана.

Поврзани вести

Познати актери кои немаат актерска школа

Кристина Денесовска

Овие 5 хороскопски знаци уживаат во „креативен“ хаос

Елена Даскалова

Раното новогодишно украсување потсетува на среќа

Елена Даскалова

Зошто не би требало да спиете на стомак

Џастин Бибер објави видео од својата венчавка

Кристина Денесовска

Свети Никола: Вечерва заслуг, утре е голем празник

Елена Даскалова