Забава МАГАЗИН

Пронајден мртов убиецот на ќерката на Витни Хјустон

Ник Гордон, кој живееше во невенчан брак со покојната ќерка на Витни Хјустон, Боби Кристина, е пронајден мртов.

Се претпоставува дека починал како последица на срцев удар, но официјални информации за причината за смртта уште не се објавени. Веста ја соопштил неговиот адвокат за агенцијата Франс прес.

„И покрај сите искушенија со кои Ник се бореше, можам искрено да кажам дека многу се трудеше да остане трезен, со крената глава и сакаше да биде среќен и здрав со своето семејство“, изјавил тој.

Таблоидите веќе претпоставуваат дека тој имал неколку срцеви удари, од кои последниот, кој се случил на Нова година, бил фатален за него.

Гордон беше осуден за смртта на Боби Кристина Браун, ќерката единица на Витни Хјустон, која испила алкохол и лекови, кои тој ѝ ги дал. Потоа, ѝ ја држел главата во када со ладна вода, по што настанале сериозни оштетувања на мозокот.

Во тужбата против него пишува дека заедно со Боби Кристина консумирале алкохол, кокаин и марихуана, кои претходно тој ги купил. На ужасниот настан му претходела нивна караница. Гордон бил пуштен на условна казна, а на семејството на својата девојка му исплатил 36 милиони долари.

Поврзани вести

Нова убавица во прегратките на Стјепан Хаузер

user2

Милан Поповиќ и судијката која му го додели старателството во ист хотел на скијање?

Елена Даскалова

Необична торба за новата есен/зима сезона

user2

Доживотна казна му прети на Харви Вајнштајн

Кристина Денесовска

Пролетна нега за вашата кожа по тмурната зима

Кристина Денесовска

БЛИЗНАЦИ: Годишен хороскоп за 2020 година

Елена Даскалова