Забава МАГАЗИН

Рамбо Амадеус ја истакна добрата страна на коронавирусот

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус на својот официјален Фејсбук проифил објави статус со кој многумина би се согласиле. Контроверзниот музичар објави две фотографии од Венеција, каде во последниве дена водата е толку чиста што се гледаат и рибите во каналот, па рекол дека му се чини дека природата одлично се снаоѓа без нас.

„Да не беше короната, веројатно никогаш немаше да увидиме колку сме иназивни како човечки род и колку малку и е потребно на природата да се опорави од нас – таму каде привремено не нема. Се надевам дека оваа криза воспитно ќе делува на човечкиот род, дека ќе бидеме помалку безобразни“, започнал познатиот музичар.

„Погледнете како природата се снаоѓа без нас. Без илјадници луѓе, глисери, крузери, инвазија од луѓе кои доаѓаат да ѝ се восхитуваат – истовремено уништувајќи ја. Доколку некогаш имав некакво религиозно чувство, тоа е сега, додека гледам како водата во каналот е чиста за помалку од еден месец и дека всушност, природата е таа која има божественлик и која заслужува подобар третман од нас, а не обратно“, напишал музичарот.

Поврзани вести

Поради една објава фановите се убедени дека Бритни Спирс е комунистка

Кели Брук на 40 години ужива како никогаш досега

Stefanija Kuzmanovska

Кајли Миног донираше пари за настраданите во Австралија

Елена Даскалова

Најсексапилната баба на Балканот откри дали ќе застане наскоро пред олтар (ФОТО)

Александар Петровски

Ким Кардашијан го купи и шеширот на Мајкл Џексон на аукција (ФОТО)

Елена Даскалова

Како да го сочувате имунитетот и да не се заразите

Кристина Денесовска