Забава МАГАЗИН

Расел Кроу предупреди за опасноста од климатските промени

Познатиот холивудски актер одлучи да прати видео порака до светот. Расел Кроу сака да ја подигне свеста за користење фосилни горива, односно за тоа колку лошо влијаат на нашата планета.

„Постои само еден начин да се ибориме со климатските промени, а тоа е да се откажеме од фосилните горива и цела земја и економија да се базираат на обновување на изворите на енергија“, рекол Кроу.

„Доколку не ги отфрлиме фосилните горива, тогаш ексртемните промени во климата ќе продолжат да се случуваат. Мораме да се фокусираме на големите одлуки, на сржта на проблемите“, додал.

„Сето ова можат да го потврдат големите научни умови, само прашајте ги. Веќе го плаќаме данокот за нивното проклето образование, ајде барем да го искористиме. Време е да тргнеме во акција“, заклучи Кроу.

Расел Кроу е познат по филмовите и наградите како што се „Гладијатор“ за кој добил Оскар, „Блескав ум“ (Златен глобус, БАФТА), „Робин Худ“ и многу други.

Расел е роден на Нов Зеланд, па не е чудно што почувствувал потреба да каже нешто по повод климатските промени, а најголемиот поттик се чини дека бил пожарот во Австралија, кој го зафати и дел од неговиот имот.

Оваа видео-порака била емитувана за време на концертот Fire Fight Australia, одржан во Сиднеј.

Поврзани вести

Таа е Зозибини Тунзи – новата Мис универзум (ФОТО)

Елена Даскалова

Луѓето кои постојано се жалат ви ја цедат животната енергија

user2

Рецепти за јадења од коприва: Полни со железо доволно за целото тело

Елена Даскалова

Како да си помогнете кога притисокот ви е низок?

Елена Даскалова

Пријанка Чопра и Ник Џонас ја оправдаа титулата најдобро облечен пар и во 2020 година

Овошен колач со кокос (РЕЦЕПТ)

user2