МАГАЗИН Миленици

Раси на кучиња кои го подобруваат вашето емоционално здравје

Миленичињата имаат неверојатна моќ да ни помогнат да бидеме поздрави, посреќни и да живееме подолго. Всушност, науката веќе со години тврди дека луѓето кои имаат миленичиња се ментално постабилни.

Сопствениците кои избираат куче, без разлика дали е расно или мешано, се посреќни, посмирени и емоционално стабилни. Посвојувањето на куче од стационар носи многу бенефити – вие знаете дека некого сте спасиле, а за возврат добивате љубов во неограничени количини.

Ако сепак се решите да вдомите или купите расно куче, овие неколку раси се докажано најдобри за вашето емоционално здравје:

Златен ретривер

Најпознатата терапевтска раса, паметни, лојални и нежни, а во исто време и лесни за дресирање и стекнување навики.

Јоркширски териер

Бараат внимание, но и го даваат во огромни количини. Тие се одличен миленик за семејства со мали деца.

Корги

Овие кученца со мали нозе се многу темпераментни, но и неверојатно лојални.

Германски овчар

Тие сериозно ја сфаќаат својата улога на заштитник на семејството кое го чува, особено на децата.

Померанијанец

Оваа малечка раса е исто така темпераментна и треба да се вложи повеќе време во дресирање, но за возврат се добива најлојалниот миленик во светот.

Булдог

Сите раси на булдог се одлични за емоционална и ментална поддршка на своите сопственици.

Кокер шпаниел

Многу сакаат да си играат, весели се, а нивното расположение е навистина заразно.

Поврзани вести

Тајландскиот крал во самоизолација со харем на Алпите

Луѓето родени во овие три хороскопски знаци се сметаат за најуспешни

10 филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

Кејт Мидлтон се грижела дали е добра мајка

Кристина Денесовска

Исчистете го домот со природни препарати

user2

Одлуки со кои ќе го поправите односот со партнерот

Кристина Денесовска