Забава МАГАЗИН

Рејчел Вајс во улогата на холивудската легенда Елизабет Тејлор

Наскоро започнува снимањето на новиот биографски филм под наслов „Посебна врска“ кој ќе го прикаже животот, делото и ликот на Елизабет Тејлор. Филмот посебно ќе се осврне на пријателството меѓу славната актерка и Роџер Вал, хомосексуалец и нејзин долгогодишен асистент во нивните акции за подигнување на свеста за СИДА-та во 1980те години.
Автор на филмот е Сајмон Бофој, кој освои оскар за „Сиромашниот милионер“.

На биографијата за Тејлор тој работи веќе неколку месеци, истражувајќи го нејзиниот живот. За таа цел имал интервјуа со нејзини познаници, соработници, семејство и пријатели. Од своја перспектива Сајмон сака во филмот да ја прикаже славната актерка во досега неприкажано светло, обична жена која се крие зад своите продорни сино-виолетови очи.
– Во центарот на филмот е приказната за пријателството, славењето на таквиот однос и како и колку тој може да го смени човекот и неговите погледи на светеот – вели режисерот.
– Публиката моментално многу добро реагира на биографски филмлови за старите холивудски икони. Кога зборуваме за нив тогаш нема поголема икона од Елизабет Тејлор, а Сајмон на одличен начин ќе го прикаже нејзиниот хумор, хуманоста и прекрасен живот низ неверојатната Рејчел Вајс – вели продуцентот Ијан Ченинг.
Токму оскаровката Рејчел Вајс ќе ја игра големата актерска ѕвезда, а тоа ќе биде нејзина прва важна улога откако минатата година стана мајка во 49та година.

 

Поврзани вести

Батлерот на принцезата Дијана откри нејзино тајно писмо

Пијалоци што треба да ги консумирате ако се обидувате да изгубите тежина

Stefanija Kuzmanovska

Сара Џесика Паркер воодушевена од “Медена земја”

user2

Пусикет Долс повторно мета на критики поради нивниот настап

Кристина Денесовска

Пласидо Доминго гостин на натпреварување во Израел

Кристина Денесовска

Почина Кирк Даглас на 103-годишна возраст

Елена Даскалова