Забава МАГАЗИН

РИБИ: Годишен хороскоп за 2020 година

Во 2020 Рибите ќе го правите сето она што го сакате, без да водите сметка што другите мислат или ќе речат за тоа.

Ќе го живеете животот според своите параметри, надвор од наложените граници од околината. Ќе ги почитувате луѓето кои ве почитуваат вас, ќе се ослободите од стравот од критики и коментари и конечно ќе сфатите дека другите треба да се срамат од неумесните изјави, а не вие од нивните.

Ќе уживате во секојдневието. Можно е да вдомите милениче кое ќе ви го разубави животот. Многу ќе читате, ќе шетате, ќе се посветите на себе и на хобијата, а тоа ќе ви помогне да се одморите и да се исполните со позитивна енергија. Во текот на годината ќе имате периоди кога ќе сакате да бидете сами, но и кога ќе сакате постојано да бидете со друштво.

Накратко кажано, 2020 ќе ви биде многу повозбудлива отколку што сте можеле да претпоставите.

Работа

Размислувате да започнете сопствен бизнис или да заработувате со работа на интернет. Ќе прифатите понуда што првично ви изгледа неперспективно, но ќе сфатите дека не е толку лошо колку што изгледа. На крај ќе сфатите дека таа одлука ќе ве направи среќни.

Ако сте вработени, покрај постојаната работа, ќе имате и хонорарни ангажмани за да можете полесно да излезете на крај со трошоците. Но, кон средината на годината ќе најдете подобар начин како да се справите со тој проблем.

Студентите ќе се опуштат малку по празниците и ќе пропуштаат предавања, но веќе од февруари ќе го „загреат“ столот и ќе ги подготват испитите, во паника дека нема да постигнат да завршат сè во дадениот рок.

Љубов

Во 2020 се можни големи пресврти, од типот на прекинување долга врска, бидејќи сметате и ви е јасно дека личноста со која сте, не е таа со која сакате да го поминете остатокот од животот. Нема да биде лесно, особено што другата страна нема да го прифати тоа, но најважно е да истраете во својата одлука и да не се враќате онаму каде знаете дека воопшто не сте среќни. Кон крајот на годината една личност ќе ги открие чувствата кои подолго време ги има кон вас, а вие ќе бидете навистина изненадени.

Ако сте сингл, промените ќе дојдат на начин на кој најмалку сте се надевале. Кон средината на годината ќе започнете врска со личност која ја запознавте поодамна, преку заеднички пријатели. Иако на почетокот нема да изгледа сериозно, со текот на времето ќе ви стане јасно дека веќе сте изградиле стабилен и квалитетен заеднички однос.

Ако сте во брак, решавајте ги проблемите додека се мали и не дозволувајте да се натрупаат и да станат тешки и нерешливи.

Пари

На самиот почеток на годината нема да ви цветаат рози на ова поле, па ќе мора попаметно да ги планирате парите. Но, во текот на годината ќе добиете значаен прилив на пари кој буквално ќе ве извлече од бездна, па дури и ќе успеете да заштедите за да имате за „црни“ денови или за да купите нов мобилен телефон, лаптоп, па можеби дури и половен автомобил.

Здравје

Во 2020 ќе бидете здрави како дрен. Душата ви е исполнета со внатрешен мир, телото ви е полно со енергија и витално. Ќе внимавате на исхраната, редовно ќе одите на лекарски прегледи, нема да се нервирате за глупости, ниту пак со неважни личности. Престанете да користите агресивни детергенти и козметички средства и доколку сте во можност, употребувајте ги нивните органски варијанти.

Поврзани вести

Бен Афлек прозборе за проблемите со алкохолот и разводот

Кристина Денесовска

Кларксон ја нападна Грета Тунберг: Луда е и опасна

Деми Ловато: Не ја добивав помошта што ми требаше

Џејмс Њумен ќе ја претставува Велика Британија на Евровизија

Кристина Денесовска

Лед Цепелин не ја украле песната „Stairway to Heaven“

Том Холанд ја призна својата зависност од социјалните мрежи

Влатко Зорба