Здравје и Храна МАГАЗИН

Ризото со тиква

Сега кога е сезона на тиквите, ви предлагаме да испробате еден поинаков начин на нејзино приготвување.

СОСТОЈКИ
1 чаша ориз (најдобар е арборио ориз)
1 главица кромид
4 лажици путер
1/2 чаша бело вино
200 г тиква
50 г пармезан
сол и црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Сто грама од тиквата обарете ги, а останатите 100 г исечкајте ги. Во длабока тава загрејте 2 лажици путер, потоа додајте го сечканиот кромид и пржете додека омекне. Додајте го оризот, сечканата тиква и измешајте. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Додајте го виното и динстајте додека се впие течноста. Потоа додавајте топла вода по 2 и 1/2 чаши и секој пат мешајте и динстајте додека се впие течност, па одново додајте иста количина вода. Вака правете додека омекне оризот. На крај додајте го преостанатиот путер, пармезанот и сварената тиква. Промешајте и послужете.

Поврзани вести

Хороскопски знаци кои можат да простат и неверство

Maja_Serafimova

Три работи кои треба да ги знаете пред да си поставите цели за 2020 година

Кристина Денесовска

Како да му ја вратите свежината на стариот леб

user2

Овие видови храна се неправедно осудени како лоши

Елена Даскалова

Намирници кои помагаат во прочистување на црниот дроб

Елена Даскалова

Пржени мекици полнети со кисела зелка

user2