Забава МАГАЗИН

Романтична песна од Крис Мартин за Дакота Џонсон

Фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин напиша романтичен и многу личен текст за неговата девојка Дакота Џонсон. Хитмејкерот открива дека во новиот албум кој треба да излезе на 22 Ноември, за многу песни инспирација нашол во секојдневниот живот, вклучувајќи ја романсата со актерката од „Педесет нијанси сиво“.

– Многу нешта се лични, за вистински нешта кои ми се случиле во животот, а некои нешта за кои ги доживувам јас или било кој од нас, како и за ситуации низ кои поминувале некои луѓе а ние сме биле емпатични – вели тој.
Оваа недела Колдплеј промовираше две песни од албумот „Orphans“ и “Arabesque“, па некои обожаватели веќе почнаа да нагаѓаат дека втората песна е за врската со Дакота.
Во нејзе тој пее:
“I could be you, you could be me. Two raindrops in the same sea.

“You could be me, I could be you. Two angles of the same view.”
Втората верзија од песната која е на француски- кој Дакота течно го зборува – се иницира дека е љубовно писмо за неговата девојка, особено откако по неколку прекинувања конечно ја стабилизираа врската.
– На последната турнеја нешто се случи, што ми помогна да го најдам мирот и да зборувам отворено за сè без разлика кој се согласува со мене. Кога зборувам искрено и без страв дали некој ќе се согласи или не, се чувствувам слободно – вели пејачот.
Другиот сингл „Orphans“ е моќна песна за една млада девојка која живее во Сирија, каде во моментов се води војна,.
– Една од работите за да можете да сфатите како им е на другите, е да се ставите на негово место. Без разлика дали се работи за девојката во Сирија или некоја девојка во Балтимор, треба да се обидеме да ги сфатиме, наместо од далеку да ги осудуваме – вели Крис.

 

Поврзани вести

Сајрус: Издрогирана „трипував“ дека убивам фоки (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Почина Ѓорѓи Желчески, легендата на народните песни

Елена Даскалова

Шехерезад и Онур повторно станаа родители на син

Рита Ора и Дуа Липа донираа за жртвите од земјотресот во Албанија

Елена Даскалова

Синот на Мајкл Џексон: оваа животна лекција од татко ми е највредната

user2

5 причини зошто да чувате персиска мачка

Елена Даскалова