Забава МАГАЗИН

Рускиот пранкстер заврши во египетски затвор

Американско-рускиот инфлуенсер Виталиј Здоровецки заврши во затвор. 27-годишниот пранкстер поминал пет дена зад решетки бидејќи се качин на врвот на египетската пирамида за да направи селфи.

Здоровецки на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како нозете му висат на пирамида во Гиза. Опишал дека петте дена во египетскиот затвор биле најлошите пет дена во неговиот живот и дека тоа не му го посакува на никого, Сепак, тој нагласил дека не жали за ништо.

„Зборови не можат да опишат низ што поминав во последниве пет дена. Ми се допадна во Египет бидејќи се качив на пирамида во Гиза. Многупати сум бил во затвор, но ова беше најлошо. Видов ужасни работи кои не му ги посакувам на никого. Дали вредеше? Да. Го направив тоа со добра причина и наскоро ќе го објавам видеото“, напишал 27 годишниот Виталиј.

Тој објавил и фотографии на кои се гледа како се качува на пирамидата, што е забрането од ноември минатата година. Сите оние кои ќе бидат затекнати како се качуваат на пирамидите без дозвола се соочуваат со месец дена во затвор или да платат казна.

Поврзани вести

6 хороскопски знаци кои стравуваат од осаменост

Елена Даскалова

Меган и малиот Арчи на прошетка во Ванкувер

Иако „тежат“ 256 милиони долари, своето богатство нема да им го остават на децата

Зошто е подобро да пиете козјо млеко наместо кравјо?

user2

Кој ќе го добие наследството на Кирк Даглас?

Елена Даскалова

Чекирањето на патници ќе трае и по четири часа по укинување на карантинот?