Забава МАГАЗИН

САГ награди: Актерите ги наградија актерите

Доцна синоќа во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.

За најдобар актерски ансамбл беше прогласена екипата на филмот „Паразит“.

Актерите ги наградија и колегите за улогите во филмовите „Џокер“ (Жоакин Фенис) и „Џуди“ (Рене Зелвегер) кога се во прашање главните улоги, односно Бред Пит и Лора Дин за споредните улоги во филмовите „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Marriage Story“.

Наградени беа и каскадерите од филмот „Одмазници: Крајот на играта“.

Поврзани вести

Почина актерката Кончата Ферел

Никола Поповски

Почина Флоријан Шнајдер, основачот на групата „Крафтверк“

Постигнале договор со папараците: Хари и Меган ја стопирале дистрибуцијата на фотографиите на нивниот син Арчи

Никола Поповски

Позната причината за пропаѓањето на првиот брак на Меган Маркл

Влатко Зорба

Канје Вест објави преку 40 православни икони, го прашуваат дали и тој станал православен како Ким

Александар Петровски

4 хороскопски знаци кои сакаат само еднаш во животот

Влатко Зорба