Забава МАГАЗИН

Саша Поповиќ со хуман гест: „Јас и Лепа Брена дониравме 220 000 евра“

Директорот на Гранд, Саша Поповиќ посочил пред почетокот на снимањето на шоуто „Звездите на Гранд“, по долгата пауза, дека тој и Лепа Брена (59) донирале 220.000 евра за медицинска опрема за српските болници.

Поповиќ вели дека се одморил за време на пандемијата на коронавирусот, со оглед дека не му било дозволено да излезе од куќата, затоа што тој е во категоријата „65+“.

„Излегов еднаш, до Кеба или Брена, претпоставувам, и веднаш папараците ме фатија. Не излегов 51 ден, добро се одморив, знаев дека тоа ќе помине еден ден. Кога ја правите оваа работа веќе 40 или повеќе години и тогаш сето тоа запира преку ноќ, секако дека ви недостасува. Но, што се однесува до мене, имав убав одмор и едноставно сега сум одморен и подготвен за продолжување на сезоната“, изјавил Саша.

Како пензионер, тој автоматски добил 100 евра од државата и не ни морал да аплицира.

На прашањето што ќе стори со нив, тој рече:

„Па … Мислам дека ќерка ми ги зеде тие 100 евра“.

„Добив 100 евра, но јас и Брена имавме група наши пријатели, со кои уплативме помош од 220.000 евра, за набавка на медицинска опрема“, посочил Поповиќ.

Поврзани вести

Јаворов сируп: За што сè е корисен?

Елена Даскалова

Бред Пит на својот роденден ги поканил само биолошките деца?

Елена Даскалова

Влошена здравствената состојба на Пласидо Доминго

Вики Одинцова откри дека го откачила Роналдо

Елена Даскалова

Нејмар со грандиозна забава во Бразил по повод Нова Година

Влатко Зорба

Лунарна Нова година: Започна годината на стаорецот

Елена Даскалова