Забава МАГАЗИН

Се омажи ќерката на Стив Ирвин

Бинди Ирвин, ќерката на најпознатиот ловец на крокодили, покојниот австралиски зоолог Стив Ирвин, се омажи за Чендлер Повел.

Парот се веча во австралиска зоолошка градина, со што се пофали на социјалните мрежи. Бидејќи во светот владее коронавирусот, тие одлучиле да имаат венчавка без гости.

„Имавме мала церемонија и се омажив за најдобриот пријател. Нема зборови со кои би ја опишала количината на љубов и светло во моето срце. Овој прекрасен ден го планиравме една година и моравме се да смениме, бидејќи немавме гости на нашата венчавка. Беше многу тешка одлука, но важна за сите да останат сигурни. Сите кои ова го читате, останете безбеди и запомнете: љубовта победува“, напишала Бинди во описот на фотографијата на која се бакнува со сопругот.

View this post on Instagram

March 25th 2020 ❤️ We held a small ceremony and I married my best friend. There are no words to describe the amount of love and light in my heart right now. We’ve planned this beautiful day for nearly a year and had to change everything, as we didn’t have guests at our wedding. This was a very difficult decision but important to keep everyone safe. We wish all of our friends and family could have been there with us, however it’s lovely that we will be able to share photos and videos. Right now we’re encouraging the world to hold onto hope and love, which will carry us forward during this profound time in history. Today we celebrated life and revelled in every beautiful moment we shared together in our Australia Zoo gardens. Mum helped me get ready, Robert walked me down the aisle, Chandler became my husband and together we lit a candle in Dad’s memory. We shared tears and smiles and love. Thankfully, since we all live at Australia Zoo as a family, we could be there for each other. To everyone reading this – stay safe, social distance and remember LOVE WINS!

A post shared by Bindi Irwin (@bindisueirwin) on

Инаку, Бинди се сврши на 24 јули минатата година, на својот 21 роденден. Интересно е дека својот избраник го запознала во зоолошка градина. Парот пред венчавката бил во врска шест години.

За потсетување, стравичната смрт на нејзиниот татко ја остави во шок кога имаше само осум години.

Стив Ирвин трагично почина за време на снимање на емисијата „Најопасните животни во океанот“. Додека нуркаше го уби смртоносната риба Раи.

Поврзани вести

Кијану Ривс првпат со девојката во јавност (ФОТО)

Елена Даскалова

Интересни факти за „Заспаната убавица“ на Дизни

Елена Даскалова

Брејди изнајми вила од 14 милиони долари (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Најдобрите филмови кои можете да ги гледате додека сте во изолација

Кристина Денесовска

Овие четири знаци во декември ги очекува среќа во љубовта

Евровизија сака да ја обедини Европа за време на пандемијата