Забава МАГАЗИН

Се ожени Леонардо ди Каприо?

Според пишувањата на магазинот ОК!, вечниот и еден од најпосакуваните ергени, Леонардо ди Каприо, се оженил со својата девојка Камила Мороне, со која се забавува изминативе две години.

На големиот чекот се одлучиле, како што се пишува, уште пред Оскарите. За овој чекор од нивната врска веќе се нагаѓаше, затоа што на споменатата церемонија прв пат се појавија заедно, што за Лео е невообичаено, бидејќи на вакви настани секогаш ја носеше својата мајка.

Причината за нивното тајно венчавање, наводно, е бременост.

Магазинот тврди дека заветите ги размениле на приватен остров на Бахамите, непосредно пред доделувањата на наградите.

„Се обидуваа веста да остане тајна, но сепак одлучија да прослават со неколку колеги. Беше многу, многу забавно, имаше смеење, прегратки, но и солзи радосници“, раскажал анонимен извор кој додал дека парот навистина сака да се оствари во улогата на родители.

„Многу посакуваат да станат родители, поради што сите се радуваат на гласините дека Камила е бремена“, рекол изворот.

Леонардо, наводно, Камила ја запросил со помош на својот пријател Бред Пит.

„Бред зад себе има неколку брака, па му даде неколку насоки на Лео околу запросувањето, со цел да биде совршено. Наводно, Камила кажала да“, откри истиот извор.

Поврзани вести

Принцот Филип целосно полудел кога чул за одлуката на Меган и Хари

Елена Даскалова

Префинет колач со Нутела на кој не му треба печење

Ирина Шајк откри потресни детали од детството во сиромаштија

Елена Даскалова

Литванија евровизиски фаворит: Се навиваше за нив уште пред да ја објават песната (ВИДЕО)

Кане Танака е најстарата жена на светот

Аманда Бајнс некогаш беше популарна актерка, сега е на дното

Елена Даскалова