Забава МАГАЗИН

Се разведуваат Шехерезад и Сулејман?

Актерката Бергузар Корел, попозната на нашите простори како Шехерезада од серијата 1001 ноќ во март, го роди своето второ дете со актерот Халит Ергенч, кој го паметиме по улогата на Сулејман во серијата Сулејман Величествениот. Иако сите сметаа дека нема индикации за проблеми во односите меѓу сопружниците и дека синот Хан ја потполни семејната идила, се чини дека тоа не е така.

Според некои турски медиуми, сопружниците се на чекор до одлуката за развод.

– Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото нешто е што Халит не сакаше друго дете, бидејќи тој се смета за премногу стар, а неговата сопруга го убедуваше да го стори тоа скоро две години. Кога останала бремена, тој бил пресреќен, но откако таа се породила, таа целосно му се посветила на детето и тој сега се чувствува запоставено и занемарено. Тие одлучија да се разделат неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали ќе се разделат засекогаш – изјави извор близок до парот.

View this post on Instagram

🤍

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on

Наводно, 50-годишниот Халит веќе започнал да се допишува со друга жена, за која турските медиуми велат дека е многу популарна, и е позната како една од најголемите актерски надежи на Турција.
– Му недостасува страст и ревност, а сопругата го одбива. Едноставно, хемијата ја нема, таа воопшто не се обидува да ја поправи, а тој има потреби како и сите други – додаде изворот.

Многумина го осудија актерот за ова и му испратија бројни осуди.

„Да, најлесно е да се напушти кога е тешко и да се најде друга жена што ќе ги задоволи вашите интимни потреби и апетити. Многу патетично”, напиша една од неговите неодамнешни обожавателки.

Поврзани вести

Сега е сезона на смрдливки, ослободете се од нив со овие трикови

user2

Жените во овие три хороскопски знаци не можете да ги надмудрите

Елена Даскалова

Српската пејачка Романа откри каде се наоѓа по излегувањето од затвор

Вајнстин се претстави како пионер во поддршката на жените во Холивуд

Влатко Зорба

Која е болеста на неконтролирано смеење од која страда Џокерот?

Елена Даскалова

Ѕирнете како изгледаше сопругата на Надал на венчавката

user2