Забава МАГАЗИН

Се запознаа Грета и Малала (ФОТО)

Грета Тунберг и Малала Јусафази се млади активистки кои можеби не го променија светот, но направија значајни чекори за идното подобрување на климатските услови и унапредувањето на човековите права.

Грета наскоро ќе се придружи на ученички штрајк во Бристол. Малала на Оксфорд студира политика, филозофија и економија.

На Твитер, Грета објави фотографија на која напиша: „Денеска го запознав мојот идол. Што повеќе можам да кажам?“

За време на своето гостување во Лејди Маргарет Хол, Грета зборувала за многу теми, вклучувајќи ги и науката, изборите и правото секој да се вклучи во протест или движење.

Додека едни се воодушевуваа на ваквата средба, некои сметаа дека се работи за парадокс: „Едната за малку ќе го изгубеше животот на пат кон училиште, додека другата пропушта часови за да протестира.“

Поврзани вести

Дали го гледате мажот во позадина во селфито на Џенифер Лопез? (ФОТО)

Кијану Ривс првпат со девојката во јавност (ФОТО)

Елена Даскалова

Ризото со тиква

user2

Роби Вилијамс најслушан во Велика Британија

Раперот Стормзи исчезнал од социјалните мрежи и ги загрижил фановите

Кристина Денесовска

Божикни пости: Погледнете во кои денови се пости строго

Елена Даскалова