Здравје и Храна МАГАЗИН

Седум начини на кои шеќерот му штети на телото

Шеќерот е неопходен за нормално функционирање на организмот, но преголемата количина шеќер може серозно да го загрози вашето здравје. Здравите намирници како зеленчукот, овошјето, млечните производи и житарките имаат природен шеќер па телото ги вари јагленхидратите и добива доволна количина шеќер. Од друга страна, пакуваната и преработена храна како и соковите во себе имаат дополнителна доза шеќер, што не му е потребна на телото.

Во продолжение прочитајте шест начини на кои шеќерот му штети на вашето тело.

1. Дебелее

Дека лесно може да се претера со внесот на шеќер во телото, покажува фактот дека само една лименка сон во себе содржи десет шољи шеќер.
Премногу шеќер дебелее, а најчест извор на додатен шеќер се токму засладените сокови. Прекумерната тежина создава ризок за развој на дијабет и многу други здравствени проблеми.

2. Го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар

Еден од десет луѓе добива 1/4 од дневните калории од додатниот шеќер. Таквата исхрана може да доведе до развој на срцеви болести. Се смета дека дополнителниот шеќер го крева крвниот притисок или испушта повеќе масти во крвотокот. И двете работи можат да доведат со срцев или мозочен удар.

3. Расте ризикот од дијабет

Прекумерниот внес на шеќер ги зголемува шансите за заболување од дијабетес тип 2. Тоа може да се случи од причини што шеќерот останува во крвта, а телото може да реагира создавајќи помалку од хормонот инсулин кој храната ја претвора во енергија. Идеалната телесна тежина и намалување на килограмите може да помогнат во регулацијата на шеќерот во крвта.

4. Го зголемува лошиот холестерол

Нарушувањето кое се карактеризира со висок крвен притисок, најчесто виновна е солта. новите истражувања покажуваат дека белиот кристален шеќер би можел да има одредена одговорност. Прекумерната доза на шеќер го зголемува лошиот холестерол и го смалува добриот, а зголемената масност во крвта им смета на ензимите кои ги регулираат.

5. Црниот дроб се бори со преработка на деривати на шеќер

Поголемиот број на спакувана грана, грицки и пијалоци засладени со фруктоза, црниот дроб ги претвора во масти. Вишокот друктоза во телото ги собира ситните масти во црниот дроб и предизвикува замастување на црниот дроб.

6. Ги уништува забите

Шеќерот ги уништува и забите бидејќи со него се хранат бактериите во устата. Тој испушта киселина која ја оштетува забната глеѓ. Засладените пијалоци, сувото овошје, бомбоните и чоколадото се најчеста причина за расипување на замите, а гумените бомбони се нивнен најголем непријател. По јадењето благо, важно е добро да се измијат забите.

7. Го нарушува сонот и енергијата

Преголемата количина шеќер може да ја наруши глукозата во крвта и да предизвика пад или пораст на енергија. Преку ден можете да се борите да не заспиете на работа, додека во вечерните часови, по десертот, тешко ќе заспиете. Тој го скратува времето за квалитетен сон и создава поголема можност да се разбудите ненаспани.

Поврзани вести

Поранешната девојка на Ал Пачино ја откри вистинската причина за раскинувањето

Кристина Денесовска

„Лековите не помогнаа, плачев од немоќ“: Исповед на Милица Тодоровиќ за борбата против коронавирусот

Оваа девојка е вистинска копија на Џенифер Лопез

user2

Меган му забранила на Хари да го види татко си?

5 причини зошто да пиете топло чоколадо

Елена Даскалова

Адел ги забавува гостите на свадбата на најдобрата пријателка

Кристина Денесовска