Забава МАГАЗИН

Секс во време на коронавирусот: Сите прашања што ве интересирале одговорени од доктори и експерти

Дали за време на сексот можам да се заразам со коронавирус? Можеби сте помислиле на тоа, но се срамевте да прашате.

За да се разделат фактите од невистините, експерти одговараат на прашањата на луѓето.

Алекс Џорџ е доктор, а Аликс Фокс е новинарка, која се занимава на темата секс и презентерка на BBC Radio 1.

Дали е безбедно да имате секс за време на појавата на коронавирус?

Д-р Џорџ: „Ако сте во врска, живеете со партнер, го делите истиот простор, ситуацијата не треба да се менува. Меѓутоа, ако некој од вас има симптоми на Ковид 19, тогаш треба да го одржувате растојанието и да се изолирате, дури и во домот. Во идеален свет, секој треба да задржи на растојание од два метра – дури и во домот, но јасно дека тоа не е многу реално.

Аликс Фокс: Многу е важно ако чувствувате благи симптоми на инфекција со коронавирус, не треба да правите ништо што може да предизвика вашиот партнер да ги почувствува. Ако имате какви било симптоми, држете се подалеку од партнерот. Исто така, имајте на ум дека некои луѓе кои го носат вирусот може да немаат никакви симптоми. Дури и ако се чувствувате добро, може да се случи да заразите некој со близок контакт или преку бакнување.

Се бакнував со некој што неодамна го запознав и добив симптоми на коронавирус. Што да правам?

Д-р Џорџ: Ако се бакнувавте или сте имале близок контакт со некој за кој сметате дека е заразен, самоизолирајте се Следете ги симптомите. Ако се влошат, треба да се води дополнителна грижа. Контактирајте ги надлежните органи и добијте ја потребната помош.

Аликс Фокс: Треба да бидеме одговорни пред себе и кон другите во нашите односи. Ако запознавте некого и доживеавте симптоми на коронавирус, треба да го известите лицето. И ако сте биле со некој кој има симптоми, а вие ги немате, сепак е подобро да се изолирате.

Јас и мојот партнер не користевме кондом пред пандемијата, дали треба да започнеме сега?

Аликс Фокс: Одговорот зависи од тоа зошто не користевте кондом.

Ако причината е што претходно сте биле тестирани за сексуално преносливи болести или сте во хетеросексуална врска пред менопаузата, па користите други видови на контрацепција за да спречите несакана бременост, тогаш во ред е.

Но, ако сте се потпирале на методи како што се раскинување и со тоа се сте се ставиле во ризик од сексуално преносливи болести, тогаш поважно е сега да користите кондоми.

Може ли да добијам корона вирус со допирање на нечиј пенис или вагина?

Д-р Џорџ: Многу е веројатно дека вие не само што ќе ги допрете, туку ќе ги бакнете истовремено – и знаеме дека коронавирусот се пренесува и преку плунка. Важно е дека скоро сите начини на допир го зголемуваат ризикот од добивање или ширење на коронавирус – можно е вирусот да се пренесува од устата до вашите раце, а потоа и на нечии гениталии или нос и уста.

Ние сакаме да го минимизираме ризикот, затоа е важно да имате контакти само со партнерите со кои живеете.

Како да ја одржам врската за време на коронавирусот? Не сакам да бидам сам/а.

Аликс Фокс: Целата оваа пандемија ги поттикнува луѓето да размислуваат – што претставува добар сексуален живот и што е пријатно и задоволувачко за нив. Слушнав дека некои луѓе пишуваат еротски приказни едни за други и за оние кои се во врски, но на различни карантински места, секој на свој начин се обидува да ги надминат времето и просторот. Многу луѓе навистина креативно го решиле проблемот на раздвојување.

Со малку фантазија можете да имате секси време без да се сретнете лице в лице со некого.

Важно е да се запамети дека некои сега ќе откријат дека нивните партнери имаат различно либидо. Особено во случаите на оние кои некогаш се гледале еднаш неделно и сега живеат под ист покрив. Можеби сакате сеks кога вашиот партнер или партнер не го сака тоа и обратно. Vажно е да разговарате за ова со благодарност и разбирање.

Да се живее заедно не значи дека ќе имате секс кога сакате. За секој што се наоѓа во ситуација кога не им е пријатно или сметаат дека партнер ги присилува во врската, можат да побараат помош.

Дали сум ризична група ако сум ХИВ-позитивна личност?

Аликс Фокс: Д-р Мајкл Брејди има одличен совет. Ако веќе примате терапија за ХИВ и белите крвни клетки ви се добри, тогаш не се смета дека сте чувствителна категорија во однос на коронавирусот. Само продолжете со земањето на лековите како порано и проверете дали ги следите упатствата за заштита и самоизолација, како и сите други.

Поврзани вести

Одлуки со кои ќе го поправите односот со партнерот

Кристина Денесовска

Забава во СКАрантин: Суперхикс повторно одушевија и од карантин со нова песна и спот

Добриот изглед пред сè: Меланија Трамп и домашните работи ги врши средена од глава до пети (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Знаци кои укажуваат дека врската ви е во криза

Цетински најавува тужби: Направија мајмун од мене

Stefanija Kuzmanovska

За овие три знаци, 2020 ќе им биде најлошата година во животот