МАГАЗИН

Шон Мендез ја посвети новата тетоважа на својата сестра

Поп-пејачот Шон Мендез направи нова тетоважа пред неколку дена, а како што пишуваат странските медиуми, оваа е посебна во споредба со другите.

Уметникот за тетоважи, Кејн Навасард објави фотографија од тетоважата што ја направил на младиот музичар. Тој напишал Аалијах Марија под клучната коска, што е името на неговата сестра, пренесува „TeenStar“.

„Убава посвета на мојот човек. Премногу слатко, се забавувавме“, напиша Кејн, веднаш до фотографијата, а во коментарите под фотографијата, фановите се согласија дека тетоважата е „премногу слатка“.

Патем, Шон неодамна објави дека снима нова музика во карантин, но засега немаме информации кога тој би можел да ја објави.

Тој одговори на неколку коментари од возбудените обожаватели на Инстаграм, кои побараа од него да снима нови песни, а откако тој им потврди дека работи на тоа, тие го започнаа хаштагот #SM4iscoming.

Поврзани вести

Овошна торта без печење

Нови детали за физичката пресметка меѓу сестрите Кардашијан

Кристина Денесовска

Внатрешните разговори се сосем нормални

Нова перспектива на старите и добри Дизни-приказни

user2

Ариана Гранде ќе настапува на доделувањата на Греми

Ред Сафари, нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундтракот за филмот „Врба“ (ВИДЕО)

Maja_Serafimova