Забава МАГАЗИН

Синот на Мајкл Џексон: оваа животна лекција од татко ми е највредната

Принс Џексон, синот на “Кралот“ на поп музиката Мајкл Џексон, откри кој животен совет го добил од тако му, и за тоа како да се однесува кон луѓето со љубов, сочувство и хуманост. Момчето кое беше главен говорник на еден семеен самит во Лос Анџелес, отворено зборуваше и за тоа што најчесто го прашуваат обожавателите на неговиот татко –  како било да се расте покрај таква музичка легенда.
– Тој за мене пред сè беше татко. Се обидувам да се присетам на нашите разговори и тоа што ме советувал, и првиот збор кој ми доаѓа во сеќавањето е „сочувство“ – открива Принс и додава дека Мајкл го советувал да се однесува кон сите луѓе така, бидејќи и самиот израснал во многу скромно семејство. Растејќи во семејство со многу деца значело и постојана борба да се докажеш пред јавноста.
– Тој знаеше како е сам да се бориш за својот успех и да се пробиваш. Друга работа која често ми ја  повторуваше беше „никогаш немој да ги забораваш луѓето кои се посиромашни“ – вели и додава дека Мајкл постојано ги потсетувал сите свои деца дека можеби никогаш нема да дознаат како е да живеат поинаков поскромен живот. Но за него најважно било да ги сфати дека мораат да се образуваат и да учат за другите култури, како и различните животни навики на луѓето.
Тоа што тој и неговите деца биле богати, за Мајкл било причина плус да ги научи дека тоа не им дава за право да се однесуваат поинаку кон посиромашните.
„Вратарот во твојата зграда ќе го тертираш подеднакво како твојот директор“- велеше татко ми – објасни Принс, кој по завршување на говорот на социјалните мрежи објави видео со главните поенти од својот говор, со хаштази од текстот на песна од Мајкл Џексон  #Togetherwecanall #helaltheworld #makeitbetterplace.

Поврзани вести

Не е само морковот: Еве кои други намирници се добри за видот

user2

Србија останува со истите претставнички и за Евровизија 2021, но ќе се смени едно нешто

Како да спречите вашиот парфем предвреме да се расипе?

user2

Мали гестови кои многу откриваат за вашата врска

Влатко Зорба

Препорака од лекар: Со оваа техника на дишење може да ги ублажите симтомите на Ковид-19, препорачлива е и за здравите лица (видео)

Се зголемува побарувачката за приватни острови, милијардерите бараат засолниште за време на пандемијата

Stefanija Kuzmanovska