Забава МАГАЗИН

Сите се прашуваат зошто Меган и Анџелина редовно се состануваат: Откриена е нивната голема тајна

Ново пријателство е на повидок.

Меган Маркл (38) сака да ја прошири улогата како наратор во документарецот на Дизни „Elephant“, со актерката Анџелина Џоли (44), на која особено и се восхитува.

Таа сака да и биде менторка во актерството. Џоли исто така глумела во филм на Дизни.

„Меган има почит кон Анџелина, како лично, така и професионално. Ѝ се восхитува како успеала да ја избалансира работата во добротворни цели и да има успешна кариера, а покрај тоа да одгледува шест деца“, рекол извор близок на Меган.

Меѓутоа ова мислење го дели и Џоли која изјавува дека сака да негува пријателство со војвотката. Таа се надева дека ќе запознае нови пријатели во Лос Анџелес, а како што тврди изворот, Меган е нејзината најдобра опција. Тие се сретнале неколку пати.

Инаку пред само два дена магазинот Women’s Day објави дека Меган и Хари се разведуваат, а тие ги поседувааат деталите за разводот на деценијата.

„Не можете да ми кажете дека ова не беше нејзиниот план од самиот почеток. Таа ги донесе Хари и Арчи во Америка за да може да продолжи со својот холивудски живот, а најстрашно е што Хари го има на дланка – тие се во Америка, далеку од неговото семејство и во земја каде што таа е целосно во предност кога станува збор за законите и правата“, изјавил изворот за магазинот.

Поврзани вести

Санта мраз со големина на градче се одвои од Антарктикот

user2

Зошто состанувањето во 30-тите е подобро отколку во 20-тите?

user2

Рецепт за највкусни домашни крофни

Елена Даскалова

Никол Шерцингер со драстична промена на Британските Модни Награди

Кејт Мидлтон во полупроѕирен фустан од црна чипка (ФОТО)

Елена Даскалова

Светски ѕвезди со највисок IQ

user2