МАГАЗИН

Скоро 70 проценти од жените би се откажале од сексот ако така добијат идеално тело

Времето за бикини и одење на плажа е пред нас, така што жените чувствуваат се поголем притисок да ослабат и да изгубат вишок килограми. Новите истражувања покажаа колку летото предизвикува несигурност кај жените и колку се намалува нивната самодоверба заради нивните „летни“ тела, пренесува „Дејли Мејл“.

Дури 82 проценти од жените се чувствуваат под притисок да изгубат тежина пред летото, а 68 проценти од нив би се откажале од секс за еден месец, па дури и повеќе, доколку за возврат го постигнат својот идеален изглед, открива студија на Shape „магазинот“.

Околу 50 проценти од жените ги мразат своите стомаци, додека 29% од нив се најнесигурни заради бутовите. Повеќето жени вежбаат во текот на пролетните месеци со цел да имаат поголема самодоверба на плажа, а 47% од нив признаваат дека прават најмногу стомачни и други вежби за половината.

Благодарение на популарноста на социјалните мрежи, носењето бикини може да предизвика непријатност, а жените кои чувствуваат притисок да ослабат, во голема мерка го обвинуваат Фејсбук поради тоа. Околу 90 проценти од жените никогаш не би „сакале“ фотографија од себеси во бикини на која се „тагирани“, а дури 44 проценти од жените би побарале од пријателите да го избришат нивниот таг или фотографија од социјалните мрежи.

Половина од жените признаваат дека се чувствуваат најудобно во костимот за капење пред своите пријатели или партнери, додека 18% од нив исто така се чувствуваат удобно во друштво на мажи. Помалку од 10 проценти од жените се чувствуваат привлечно пред странци. Околу 60% редовно следат диета пред летната сезона, од кои 53% го намалуваат внесот на калории, 22% се откажуваат од јаглехидратите и 15% се одлучуваат за алтернативни решенија.

Најголемата загриженост е губењето на последните пет килограми пред да заминат на плажа, а тоа им пречи на 79% од жените. Во денешната култура, која слави физичка привлечност, популарно е мислење дека само мускулите, тонирани и без влакна тела можат да изгледаат добро во бикини, што предизвикува несигурност и комплекси.

Поврзани вести

Ана Ивановиќ ги диктира модните трендови (ФОТО)

Три домашни мачки и куче позитивни на ковид-19 во Холандија

Меган и Хари открија каде ќе го прослават Божик

Кристина Денесовска

Како да ги препознаете луѓето кои постојано флертуваат и тоа да го искористите во своја корист

Кристина Денесовска

Се откажува премиерата на новиот Џејмс Бонд филм поради коронавирусот

Како да се изборите против болката од високи потпетици?

user2