Забава МАГАЗИН

Скорсезе не ги сака филмовите од Марвел

Прославениот холивудски режисер Мартин Скорсезе во новото интервју за магазинот “Емпајер“ прозборе за Марвел филмовите и ги разочара нивните обожаватели.
имено на прашањето дали гледал некој филм од Марвел, базиран на стрип јунаците, тој одговори „Се обидова, ама тоа не се филмови“.
– Не гледам тежина во Марвел филмовите. Искрено, колку и да се добро снимени и има актери кои даваат сѐ од себе во дадените околности, ме потсетуваат на забавни паркови. Овде не станува збор за филмови со луѓе кои се обидуваат да пренесат емотивни и психолошки искуства на други луѓе – искрено одговори тој.
Ваквиот став на оскаровецот, бројните обожаватели на Марвел филмовите не го дочекаа благонаклонето, но земајќи го во предвид филмското наследство кое Скорсезе го има оставено и кое е неспоиво со филмовите за суперјунаците кои рушат рекорди во кино салите, не е ни малку чуден.

Поврзани вести

Како да се ослободите од досадните инсекти и други домашни штетници

Кристина Денесовска

„Batwoman“ е бисексуалка за првпат во историјата

Влатко Зорба

Дуа Липа со една фотографија на Инстаграм ги разбесни Србите

Кристина Денесовска

Френ Дрешен откри како го идентификувала својот силувач

Кристина Денесовска

Малата Чикаго Вест прослави втор роденден, Мики и Мини главна тема на забавата

Елена Даскалова

Идните невести организираа протест во Рим, бараат да се дозволат свадбите (ВИДЕО)