СТАНДАРД life
Храна

Сочен куглоф со портокал ќе биде вашиот омилен десерт овој Божиќ

Куглофот годинава традиционално ќе се најде на многу празнични трпези низ земјава, а вие можете да го искористите нашиот рецепт за куглоф со портокал кој ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат.

Состојки:

* 2 портокали
* 4 големи јајца
* 300 гр шеќер
* 120 мл маслиново масло
* 250 гр брашно
* 4 лажички прашок за пециво
* ½ лажичка сол
* 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Калапот за куглоф ќе го подмачкате со путер и брашно.

Изрендајте ја кората од портокал. Ќе ви требаат околу две полни лажици кора од лимон.

Исцедете сок од еден портокал, приближно 100 ml.

Измешајте ги јајцата со шеќерот во мазна и густа смеса. Постепено се става маслото, се додава кората од портокал и се продолжува со мешање.

Намалете ја брзината на миксерот и полека додајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Истурете ги сокот од портокал и ванилата и нежно соединете ја смесата.

Истурете го тестото во подготвениот калап и печете околу 40 минути, додека чепкалката, која ќе ја вметнете во центарот, не излезе чиста.

На здравје!

Сочен колач со прелив од портокал

 

Поврзани вести

Рецепт за француски тост

Radmila Tasevska

Готвиме со Емилија: Намаз од туна

Radmila Tasevska

🎥 Чоколадна торта со кокос! Фантазија од вкус што не смеете да го пропуштите

Urednik