Забава МАГАЗИН

Софи Тарнер: Објаснете му на Трамп дека Европа не е земја

Синоќа, младата актерка Софи Тарнер внимателно ја следеше последната дебата на американските претседателски кандидати, Трамп и Бајден. За време на дебатата, сегашниот претседател на Америка направи неколку лапсуси, а еден од нив ја насмеа младата актерка.

Актерката Софи Тарнер, која најголемата популарност во кариерата ја постигна со улогата на Санса Старк во култната серија „Игра на тронови“, синоќа на социјалните мрежи го исмејуваше актуелниот претседател на Америка, Доналд Трамп.

Имено, Трамп направи неколку лапсуси за време на последната дебата со Бајден. Едниот од нив беше доста смешен за актерката, па актерката направи селфи во кое плачеше од смеа, со текстот „Тој ја нарече Европа земја“. Потоа, таа ја сподели сликата на нејзините социјални мрежи.

Овој се случи за време на презентацијата на Трамп на тема коронавирус. Тој рече дека неговата администрација работи со многу земји за изнаоѓање начини за борба против вирусот, особено со Европа. Грешката беше уште посмешна поради самодовербата што ја имаше додека зборуваше за тоа.

Коментарите предизвикани од оваа слика на актерката беа многубројни, главно со истата порака: „Кој ќе му објасни на Трамп дека Европа не е земја?“

Поврзани вести

Девојката на Роналдо го „запали“ Инстаграм со нови жешки фотографии од одморот на јахта (ФОТО)

И Вељко Ражнатовиќ позитивен на коронавирус

Бунтовникот без причина постхумно во нов филм

Елена Даскалова

Двојките кои на Фејсбук имаат многу заеднички фотографии се несигурни во врската

user2

Модни трикови кои ги знаат сите жени со стил

Кристина Денесовска

Ана Винтур се разведува по 20 години брак

Stefanija Kuzmanovska