Забава МАГАЗИН

Совршени црти: Прогласена најубавата манекенка на светот

Тим од научници кои се занимаваат дури и со најситните црти на лицето, ја избраа најубавата манекенка на светот.

Според нивната анализа, жена која има совршено пропорционално лице, со поклопување од 94%, е манекенката Бела Хадид. Со овие пропорции, таа е пример за вистинско физичко совршенство.

Лидер на тимот бил хирургот Џулијан Да Силва, кој заедно со останатите научници процениле дека Бела има целосна симетрија на лицето и ѝ предвидуваат дека со децении може да владее на модните писти. Најголеми отстапки има во делот на веѓите, но сè останато компензира за тој „недостаток“.

На второ место се најде Бијонсе, по неа е глумицата Амбер Херд, а во топ-10 се најдоа Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Натали Портман, Кејти Пери и Кара Делевињ.

Поврзани вести

„Американска фабрика“ го доби Оскарот за Најдобар документарен филм

Елена Даскалова

Кристина Агилера во непрепознатливо издание

Елизабет Бенкс природна убавица

user2

По десет години повторно на сцената, се враќаат Pussycat Dolls

Принцот Хари и Меган носат храна на сиромашните во Лос Анџелес

Влатко Зорба

Људмила од Чернобил тврди: Серијата е полна со лаги!

Елена Даскалова