Забава МАГАЗИН

Стивен Кинг изнесе тешки овиненија за Оскарите

Стивен Кинг ги повлече своите контроверзни коментари за различностите и церемонијата доделување на Оскарите. Во продолжениот есеј кој го напишал за Вашингтон пост, тврди дека Оскарите се наместени во корист на белците.

Тој на Твитер објавил:

„Кога гласам за одредено остварување како член на Филмската академија, половата и расна разлика воопшто не ја земам предвид. Само квалитетот. Сметам дека секој друг начин е погрешен“.

Кинг е во можност да номинира филмови во три категории: најдобар филм, адаптирано сценарио и оригинално сценарио, па во таа прилика го прокоментирал признанието за жените и темномурестите уметници на овогодинешното доделување на Оскарите.

– По ѓаволите Стивен, по ѓаволите. Мислев дека си подобар од ова. Требаше да биде очигледно дека различноста и квалитетот не се две одвоени особини, ниту се спротиставуваат една со друга. Освен, можеби, во главата на фанатиците – прокоментирала Нора К. Џејмсин, авторка на „Петото годишно време“.

Со неа се согласиле многумина.

Кинг потоа додал уште еден натпис за да ја објасни својата точка на гледање на работите:

„Најважната работа која ние како уметници и креативци можеме да ја направиме е да се потрудиме секој да има еднакви шанси, без разлика на полот, бојата и ориентацијата. Моментално таквите луѓе се погрешно сфатени, не само во уметноста. Не можете да освоите награда, доколку сте исклучени од трката за истата“.

Познатиот автор на хорори во есејот истакал дека неговите пораки се извадени од контекст. Тој вусшност рекол дека оние кои одлучуваат за доделувањата на наградите би требало да бидат слепи за било какви разлики, меѓу уметниците. Писателот тврди дека не рекол дека филмовите, романите, претставите и музиката кои се фокусирани на различноста или нееднаквоста не можат да бидат дело на креативен гениј. Тие можат да бидат и често се.

Кинг есејот го продолжил со својата првобитна теза за тоа дека „судиите треба да бидат слепи, но дека ова не е совршен свет, бидејќи играта е наместена за белците да победат“. Акцентот го ставил на демографски нашминканиот процент на различните гласачи за Оскарите: 32% се жни и само 16% малцинските групи.

„Оценувањето на работата според било кој друг стандард освен непристрасност, уверливо ја поткопува работата на сите уметници. Ние не живееме со совршен свет, а овогодинешните номинации за Оскари уште еднаш тоа го потврдуваат. Можеби еден ден ќе можеме? Можам да сонувам, зар не? На крајот на краиштата, измислувам приказни за да заработам за живот“, истакнал Кинг.

Поврзани вести

Киану Ривс и Александра Грант планираат свадба?

Влатко Зорба

Овошен колач со кокос (РЕЦЕПТ)

user2

Кендал ја прослави новата година со поранешното момче

Раперот Стормзи во емисија дошол по куќни папучи

Шкотска предлага бесплатни тампони и влошки за сите жени

Елена Даскалова

Една година од смртта на Кит Флинт