МАГАЗИН

Светските кладилници нудат облози поврзани со кризата со коронавирус

Обложувалската индустрија е во огромна загуба со укинувањето на практично сите спортски натпревари во светот, па клаидлниците се обидуваат на секој можен начин да ги намалат расходите нудејќи необични облози, пренесува хрватски „Индекс“.

Така, во понудата на водечките руски кладилници можат да се најдат бројни облози поврзани со појава на коронавирусот, иако ниту една кладилница, спротивно на пишувањето на некои странски таблоиди, не нуди морбидни облози за бројот на заразени или починати.

Eдна руска кладилница во понудата има залог на откривањето на вакцината против коронавирусот до крајот на оваа година, а според коефициентите, поголема е веројатноста СЗО да објави дека вакцината е откриена до 31 декември отколку дека тоа нема да се случи.

Исто така, постои обложување за тоа дали Елон Маск ќе објави лично дека ја открил вакцината, на што коефициентот е дури 200, а голема е веројатноста дека ќе биде направена видео игра до крајот на годината со тематика за борба против коронавирусот.

Поврзани вести

Мараја Кери се пошегува на своја сметка и ги собра симпатиите од обожавателите

Влатко Зорба

Светските ѕвезди донираат пари за Австралија

Елена Даскалова

Бекстрит бојс признаа дека нивната најголема песна нема никаква смисла

Кристина Денесовска

Познатата актерка имала сообраќајка, џипот целосно уништен

user2

САГ награди: Актерите ги наградија актерите

Харви Вајнштајн осуден на 23 години затвор