Забава МАГАЗИН

Тајни од минатото на Маркл

Манекенот и поранешен порно глумец Сајмон Рекс во интервју изјави дека во минатото се гледал со сегашната сопруга на британскиот принц Хари – војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

– Ја бакнав, а таа ме оттурна. Тоа беше многу непријатно. Рече нешто како: „О, боже, си јадел лук!“ Испаднав глупав, па се смеев. Не беше безобразна, ништо налик тоа, беше само искрена, раскажува Рекс.

Потоа Маркл не сакала повторно да се видат, но не само поради лукот, туку највројатно и затоа што тој глумел во филмови за возрасни.

– Можно е да дознала. Има толку прашања на коишто и јас не го знам одговорот. Не знам зошто немаше втора средба, но мислам дека е најмногу поради лукот, рече Сајмон.

Освен во порно филмови, тој глумеше и во серијалот комедии „Страшен филм”. Се пробал и во музичката индустрија.

Поврзани вести

Торта од банана која се прави за 10 минути

4 хороскопски знаци кои најтешко ја наоѓаат вистинската љубов

Елена Даскалова

Северина во костум за капење на лулашка, фановите делат комплименти (ФОТО)

Влатко Зорба

Кети Пери во 24 часа доби и бебе и албум

Stefanija Kuzmanovska

Лука Јовиќ го напуштил карантинот поради својата девојка

Лидија Вукичевиќ прошета низ Нови Сад во искинати фармерки и со гол стомак

Stefanija Kuzmanovska