Забава МАГАЗИН

Тарантино откри кој му е омилен филм за 2019

Режисерот кој оваа година го реализираше „Once Upon A Time In Hollywood“ откри кој од неговите „конкуренти“ всушност, најмногу му се допаѓа.

Во интервју за „Дедлајн“ тој открива дека навистина му се допаѓа хоророт кој излезе во јули, „Crawl“, со Каја Скоделарио во главната улога.

Во интервјуто, новинарот кој го водел кажал: „Верувале или не, Тарантино ми кажа дека неговиот омилен филм за годината е ‘Crawl‘… Да, филм со алигатори во ураган, реализиран неколку недели пред неговиот.“

Во врска со тоа каква е судбината на Рик Далтон, ликот од „Once Upon A Time In Hollywood“, Тарантино изјавил дека секој може да го толкува продолжението токму онака како што сака, но дека веројатно имал успешна кариера со помош на своите популарни соседи, Полански и Тејт.

Поврзани вести

Овој чај е задолжителен за жени над 40 години

Кои се македонките кои ќе ја шминкаат Атиџе?

Кристина Денесовска

Елтон Џон плачејќи го напуштил концертот

Кристина Денесовска

„Грдата Бети“ роди девојче и откри како се вика

Stefanija Kuzmanovska

Зендаја прогласена за најмоќна жена на годината

Ова е најслушаната песна во последните 10 години