Забава МАГАЗИН

Тејлор Свифт наградена со „Уметник на деценијата“ од Американските музучки награди

Американската поп ѕвезда Тејлор Свифт до сега има освоено мнногу награди, а уште една е на пат. Имено таа ќе ја добие наградата „Уметник на деценијата“ на Американските музички награди (АМА) 2019 година, објавија продуцентите од „Дик Кларк“ продукцијата. Инаку Тејлор веќе има пет номинации за таа вечер, а ќе има и настап со неколку свои нумери.
Свифт заслужено ја освојува наградата ако се земе во предвид дека само минатата година, ја надмина Витни Хјустон во освојувањето на награди од било кој женски артист. А годинава ќе се обиде да го надмине Мајкл Џексон кој има 24 победи, исто колку нејзе.

Свифт годинава е номинирана за најдобро видео за песната „You Need to Calm Down“, како и za уметник на годината, омилен поп / рок албум за „Lover“, омилен поп / рок женски уметник и омилен возрасен современ уметник.

Што се однесува до останатите уметници номинирани во АМА, Пост Малоне има седум номинации, додека Аријана Гранде и Били Ајлиш имаат шест номинации. Лил Нас Х, исто така, има пет номинации. Свифт ќе се натпреварува со сите нив во различни категории.

Поврзани вести

Српската група Хјурикејн преку новата песна пратија силна порака

Кристина Денесовска

Состојбата со Денев не е алармантна, претрпела мал мозочен удар

Кира Најтли: Папараците толку ме полудеа што им реков дека ќе убијам еден од нив

user2

Базфид ги објави 11 најдобри ТВ серии на деценијата

Кристина Денесовска

Кој е најтажниот хороскопски знак?

Сè е подготвено за „One World“ концертот на најголемите sвезди (ВO ЖИВО)

Влатко Зорба