Забава МАГАЗИН

Том Круз, НАСА и Илон Маск работат на нов филм

Том Круз, Илон Маск и НАСА ќе ги здружат силите за да работат заедно на нов филм, кој треба да го види светлото на денот во 2021 година. Режисер ќе биде Даг Лиман, познат по режијата на „Edge of Tommorow“.

Вселенската станица Аксиом така ќе започне вселенска авантура благодарение на компанијата Спејс Х, а членови на екипажот ќе бидат Круз и Лиман. Интересно е што и двајцата имаат пилотско искуство, но ова патување ќе биде нешто сосема ново за нив, пренесува британски „Мирор“.
НАСА, исто така, потврди на својот официјален профил на Твитер дека ќе го поддржи новиот филм на почетокот на оваа година.

„Потребни ни се популарни медиуми за да инспирираме нова генерација инженери и научници, кои можат да учествуваат во амбициозните планови на НАСА“, напишаа тие.

Буџетот на филмот ќе биде 200 милиони долари, а Лиман веќе работи на сценариото.

Во едно интервју, Мет Дејмон раскажа анегдота за тоа што прави Том Круз кога човекот задолжен за безбедноста ќе му каже дека нешто е опасно и дека тоа не може да се стори на филм.

„Одам кај тој човек и му ја објаснувам целата сцена, сè што сакам да направам. Тој ми вели: Не можете да го направите тоа, премногу е опасно. Тогаш само наоѓам друга личност и и го поставувам истото прашање”, го цитирал Дејмон неговиот колега.

Поврзани вести

Деми Ловато зборуваше искрено за предозирањето

Кристина Денесовска

Ким Кардашијан го носи прстенот кој ѝ го украдоа?

Елена Даскалова

Гинисов рекордер во редење јајца едно врз друго (ВИДЕО)

Колку време треба да држите планк за да се појават „плочки“?

Влатко Зорба

Дали навистина е важно да се користи шампон без силикон?

Елена Даскалова

И Вељко Ражнатовиќ позитивен на коронавирус