Забава МАГАЗИН

Тор од Игра на тронови чека бебе

Актерот од популарната серија Игра на тронови, Тор Бјорнсон и неговата сопруга, терапевтката Келси Хенсон, се хит на интернетот од 2017 година, кога објавија дека се во врска.

Тор е висок 206 центиметри, а Келсе само 158, па не му е ниту до рамена, а нивните фотографии им се урнебесни на фановите. Парот, сега на социјалните мрежи се пофали дека очекува принова.

– Малиот силен маж или силна жена стигнува во октомври – напишала Келси на Инстаграм покрај фотографијата од ултразвукот на која бебето држи тег.

Хенсон е свесна за шегите на нивна сметка, па не се воздржа и откри:

– За сите вас кои сте загрижени за големината на бебето.. Јас кога се родив бев бебе со просечна големина, но поголемо од онаа на мојот сопруг кога се родил! Големината на родителот не значи ништо кога е во прашање големината на бебето – напишала таа.

Поврзани вести

Лопез ги воодушеви фановите со видео од зад сцената на ревијата на Версаче

Принцот Чарлс ќе ја посети Босна

Кристина Денесовска

Греми-наградите започнаа со почест за Коби, илјадници фанови тагуваа надвор

Елена Даскалова

Ја обожававме во 90-тите: Каде е и што прави Џулија Стајлс?

user2

Влошена здравствената состојба на Пласидо Доминго

Пејџ ја продолжи серијата: Повторно како од мајка родена (ФОТО)

Влатко Зорба