Здравје и Храна МАГАЗИН

Три прекрасни ароми кои релаксираат и успиваат

Ароматерапијата помага во воздухот да се разнесат ароматизирани честички благодарение на кои се релаксираме, смируваме и полесно заспиваме.

Различни етерични масла имаат различна намена во ароматерапијата, а следниве три помагаат побрзо да се опуштите и полесно да заспиете.

Лаванда

Маслото од лаванда има долговековна примена и е едно од најпопуларните етерични масла. Во Стар Рим го користеле како антисептик.

Неговите ефекти се: смирување, орасположување, смирување на стресот и депресијата, може да се користи како антигабично и антибактериско средство, ја олеснува мигрената и ги смирува симптомите на ПМС.

Камилица

Камилицата е позната и по лековитите и по смирувачките својства. Многу често ќе прочитате дека чајот од камилица помага полесно да заспиете.

Етеричното масло од камилица смирува, го намалува стресот, помага при главоболки и мигрена, а има и антивоспалителни својства.

Иланг-иланг

Во ароматерапијата се користи долго време, додека лековитите својства биле откриени во текот на минатиот век. Во првите пет години дрвото не цути, но потоа може да даде и до 45 килограми цвет годишно.

Аромата на иланг-иланг помага при несоница, го стабилизира крвниот притисок и е одлично кога треба да се изборите со напнатоста и растревоженоста.

Поврзани вести

Необичните мемоари на Џим Кери

user2

Турција: Направена најскапата торта од чисто злато

user2

Како работата за викенд влијае врз вашето ментално здравје?

user2

Поради политичките препукувања, Сара Џесика Паркер забрани коментари за „Медена земја“

user2

Посно шарено рижото, идеја за вкусен ручек (РЕЦЕПТ)

Дали чајот може да се расипе?

Кристина Денесовска