Забава МАГАЗИН

Цеца на закажаното судење со Карлеуша: Смачено ми е

Денес во Палатата на правдата во Белград се одржало уште едно рочиште по ред меѓу пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша, кои со години се во судски спор.

На денешното закажано рочиште се појавила само Цеца, а во изјава за медиумите истакнала дека е уморна од долгогодишното судење со нејзината колешка.

„Сакам да патувам малку. Имам некои обврски, а после тоа планирам доколку не се затворат границите. Што се однесува до судењето, процес како процес. Ќе видиме. Да ви кажам право, смачено ми е. Јас се појавувам, другата страна не се појавува. Но, ајде, не зависи од мене“, рекла Цеца за присутните медиуми.

Последното рочиште меѓу пејачките се одржало на почетокот на јуни годинава, по тужбата на Светлана Цеца Ражнатовиќ за нарушување на угледот и честа упатени од Јелена Карлеуша.

На тоа рочиште, на расправата повторно се појавила само тужителката, која изјавила:

„Јас ги кажав мојата изјава и мислење. Ова се одолговлекува од 2017 година. Време е да се донесе одлука“, изјавила Цеца пред новинарите.

Поврзани вести

Колин Фирт се разведе од сопругата по 22-годишен брак

Влатко Зорба

Ќерката на Стивен Спилберг ќе снима филмови за возрасни

Кристина Денесовска

Им дојде крајот на „Симпсонови“?

Цеца сите вработени ги оддалечи од вилата: Веднаш штом дознала дека има корона ги презела ОВИЕ МЕРКИ 

Stefanija Kuzmanovska

Донација од 10 милиони долари на „Ју-ту“ во борба против коронавирусот

Џеј Ло мокра до кожа на дожд: Преку облеката ѝ се оцртувале задникот и градите (фото)