Забава МАГАЗИН

Цеца стана баба за првпат: Се роди малиот Жељко

Денес, семејството Ражнатовиќ има причина да слави, бидејќи Богдана Ражнатовиќ се породи и го роди синот Жељко.

Пред неколку месеци, Вељко и Богдана го откриле името на нивниот наследник, а снаата на Цеца се породила во приватна клиника во Белград.

Цеца и Анастасија пристигнале пред клиниката околу 10 часот, а Вељко дошол во болницата малку пред нив и присуствувал на породувањето.

Фолк-ѕвездата станала баба на возраст од неполни 47 години, а нејзината снаа се породила со царски рез и сè поминало во најдобар ред.

Бебето тежело 3.360 кг при раѓање и било големо 53 см. Раѓањето го изврши лекарот Миленко Пророшиќ, кој двапати ја породил Цеца.

Патем, Цеца ќе го прослави 47-от роденден на 14 јуни, па ќе има причини да за прослава во куќата на Ражнатовиќ овој јуни. Тетката на малиот Жељко, Анастасија, го прослави својот роденден неодамна, на 25 мај, кога наполни 22 години.

Богдана и Вељко се венчаа на 24 ноември 2019 година во Белград, а пред тоа беа во емотивна врска повеќе од две години.

Поврзани вести

Кои видови секс се безопасни, а кои се крајно опасни за вас

user2

Задникот на Емили собра над милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Влатко Зорба

Кое е девојчето кое го украде шоуто на Џеј Ло и Шакира?

Елена Даскалова

Сочен куглоф со портокал

Кристина Денесовска

Синот на Лепа Брена прослави роденден во изолација

Четири филмови кои беа на прво место од Бокс офисот со месеци

user2