МАГАЗИН

Турунџиева на гости кај Атиџе: Ја отпеаја „Македонско девојче“ (видео)

Познатата македонска пејачка и водителка Сузана Турунџиева реши да ја посети Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот „Медена земја“.

Турунџиева вели дека 2020 година за неа е промашена година, но средбата со Атиџе и е нејдоброто нешто кое воопшто и се случило.

„Најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..“, објави Турунџиева на социјалните мрежи и сподели видео од заедничката изведба на „Македонско девојче“

Сакавте песна – еве ви песна🎶🎼

Gepostet von Suzana Turundzieva am Montag, 14. September 2020

Откако филмот „Медена земја“ стана планетарно популарен, а Атиџе од својот мал свет и тежок живот стана ѕвезда, нејзиниот дом го посетија многу луѓе воодушевени од филмот, но и нејзиниот труд и карактер кој е прикажан автентично.

Инаку, деновиве во медиумите се појави информација дека Атиџе Муратова повторно имала проблеми со соседот, а реагирала и полицијата.

Поврзани вести

Мадона го откажа концертот во Париз

Нов скандал на кралскиот двор, принцезата Маргарет го вознемирувала Брајан Кокс

Згодната Никол Шерцингер повторно вљубена

Елена Даскалова

Александра Грант откри зошто не ја бојадисува косата

Елена Даскалова

Кетрин Денев итно хоспитализирана

Елена Даскалова

Северина: Одлуката на судот не ја признавам