Забава МАГАЗИН

Вил Смит со години го занемарувал најстариот син, а сега се најдобри пријатели

Оние кои го знаал Вил Смит, знаат дека тој има две деца, Џејдан и Вилоу. Меѓутоа, малкумина знаат дека овој талентиран актер го има синот Треј Смит кој има 27 години.

Вил не крие дека зад себе има еден пропаднат брак и синот Треј.

Во 1992 година, кога Вил имал 24 години се оженил со Шери Зампино. Нивниот син Треј Смит е роден истата година на 11 ноември. Парот се развел три години подоцна.

Семејството Смит живее поп малку чуден живот. Џејд Смит води емисија во која отворено со децата и сопругот разговара за своите семејни проблеми со кои парот се соочува. Во една од тие емисии Вил го опишал моментот кога ја запознал сегашната сопруга Џејд. Тогаш тој се уште бил во брак со Шери и како што рекол, знае дека е оженет со погрешната личност, но и дека никогаш нема да се разведе. Меѓутоа, неговата тогашна сопруга одлучила да се разведат и тоа и го направиле.

Вил призна дека неговиот најголем неуспех е тоа што неговиот прв син се чувствува како отфрлен по разводот.

– Не можете баш се да поправите кога поминувате само викенд со детето – рекол Вил Смит.

Меѓутоа, актерот ветил дека остатокот од животот ќе го помине обидувајќи се да надокнади за изгубеното време со синот.

Се чини дека тоа му успеало, бидејќи неодамна синот рекол:
„Знаеш што тато? Сфатив дека ти не си ми само татко, туку и најдобар пријател“.

Треј Смит тргнал по стапките на татко му, се занимава со музика. Тој е еден од попопуларните диџеи. Активен е на социјалните мрежи и објавува семејни фотографии на кои се неговата мајка и маќеа.

Поврзани вести

Средствата за дезинфекција помагаат, но не се замена за сапун и вода

Никола Поповски

Познати дами кои одлучиле дека нема да имаат деца

Том Круз во Италија, не смее да го напушти хотелот

Елена Даскалова

Финансиска експертка дала отказ од Вол Стрит и отворила „рај“ за кучиња

Исчестете го тепихот со оцет и сода

Ресторан во Прага нуди десерт во облик на коронавирус