Забава МАГАЗИН

Влегла во Гинисовата книга на рекорди откако истетовирала 16 портрети на Еминем на своето тело

Обожавателка на Еминем која на своето тело истетовирала 16 негови портрети, постави светски рекорд.

Од Гинисовата книга на рекорди велат дека Ники Патерсон од Абердин е прва во светот по бројот на тетоважи со ликот на истиот музичар.

Патерсон, која по професија е козметичар на 19 години, ја направила својата прва тетоважа со ликот на Еминем.
Таа сега има 35 години, вкупно 52 тетоважи, од кои 28 се инспирирани од ликот и делото на славниот рапер.

Првата тетоважа ја направила на 18 години, а тоа бил мотивот на насмеаното сонце.

Потоа се префрлила на тетоважи од ликот на нејзиниот идол.

„Имав 14 години кога ја слушнав неговата музика и ми се допадна, никој не беше како него“, вели таа.
„Ми се допадна процесот на тетовирање“,

„Пред три години започнав да го тетовирам само Еминем и секој цртеж го сакам подеднакво. Ги сакам и ќе направам уште неколку “.

„Тој е постојан во мојот живот, јас сум била на неговите концерти“, вели Ники.
Таа се сврте кон Гинисовата книга на рекорди во периодот кога мораше да седи дома поради епидемијата на вирусот корона.

Откако ја поминаа нивната строга контрола, беше поставен светски рекорд.

Претходниот рекордер имаше 15 портрети на Еминем, и таа имаше уште еден, но малку подоцна го направи и 17-от.
Таа беше истетовирана од тројца уметници за тетовирање од Абердин, Единбург и Честер, нејзиниот роден град.

Има тетоважи на рацете, нозете, градите и прстите.

„Престанав да бројам“, вели таа.

Еминем е прв на листите во Велика Британија од почетокот на оваа година со својот нов албум Music To Be Murdered By.

Поврзани вести

Хороскопски знаци кои обожуваат драматични врски

Заболување кое многумина може да го „закачат“ заради носење на заштитни маски при високи температури

Нежната приказна позади двата часовници на прнцезата Дијана

Бебето на Ким и Кање е неверојатно слатко

user2

Цеца потрошила 100.000 евра за раѓањето на внукот

Рецепти за јадења од коприва: Полни со железо доволно за целото тело

Елена Даскалова