МАГАЗИН

Во август излегува книга во која Хари и Меган откриваат зошто го напуштиле кралското семејство

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл решија повеќе да не соработуваат со одредени медиуми во Велика Британија, а вчера одекна веста дека парот планирале да им ја кажат својата приказна на една новинарка и нејзин колега за причината за нивното заминување од кралското семејство.

Каролин Дуранд и Омид Скуби, наводно, се автори на книгата, која ќе биде објавена овој август. Керолин е блиска пријателка на парот и заедно со Омид, таа има направено неколку интервјуа со американската актерка и британскиот принц, а тие напишале книга со 320 страници што ќе ја покаже страната на Меган и Хари од приказната.

Двајцата се повлекоа од сите свои кралски должности од април годинава и се преселија со својот син во Америка. Идејата да се објави книга за себе и за нивната врска со кралското семејство започна да се раѓа пред повеќе од една година кога јавноста почна да се сомнева дека Меган не била многу добро прифатена во кралското семејство и дека таа никогаш не се прилагодила на правилата на ова семејство.

Кралицата Елизабета е загрижена што нејзиниот внук и неговата сопруга може да раскажат на медиумите и стравуваат дека тоа ќе влијае на имиџот на кралското семејство во јавноста. Меган и Хари решија дека повеќе нема да молчат за „мир во куќа“, а Хари веќе го покажа ова кога отворено во интервју призна дека веќе не е во добри услови со неговиот брат Вилијам.

Кралското семејство е познато по тоа што сака да ги задржи сите семејни тајни и скандали подалеку од јавноста, а Меган и Хари не им помагаат во тоа. Кралицата била толку разочарана од нејзиниот внук откако излегоа информации од неговиот разговор со неа во американските медиуми. Поточно, Меган, Хари и Арчи неодамна преку видео повик и го честитаа на Кралицата нејзиниот 94 роденден, а неколку часа подоцна содржината на нивниот разговор беше објавена во американските медиуми.

Кралицата стравува дека Меган и Хари може да го оцрнат кралското семејство во книгата и да изнесат информации за кои се согласиле да останат во „ѕидовите на палатата“.

Можеби во август, кога ќе се објави книгата, ќе ги откриеме и вистинските причини за „Мегзит“.

Поврзани вести

Дали знаете зошто некои луѓе мразат пиво?

Елена Даскалова

Актерот од Живи мртовци за тестирање платил 9.000 долари, а докторите не му дале резултатите

Кучиња кои откриваат лица заразени со коронавирус (ВИДЕО)

Почина најстариот маж на светот

Кристина Денесовска

Меган и Хари со совети против коронавирус, но добија само саркастични коментари

Есента има позитивно влијание на човечкиот мозок

user2