Забава МАГАЗИН

Војвотката од Кембриџ откри какво е чувството да излезеш пред фотографите само неколку часа по породувањето

Кејт Мидлтон во големото интервју прозборе за бременоста, породувањето и мајчинството.

Војвотката откри дека се соочувала со стравови како и секоја трудница, а открила и како е да се минува низ работи низ кои не минува скоро никој на светот.

По само три часа по породувањето, Кејт излезе пред болницата и се фотографираше со бебето и сопругот, па признала какво чувство било тоа.

– Нема да лажам, фактот дека по породувањето ќе излезам пред сите тие луѓе беше застрашувачки. И Вилијам и јас бевме свесни колку сите се возбудени поради породувањето и мило ни е што имаме толку поддршка од јавноста – рекла Кејт.

– Ни беше многу важно што можеме да ја споделиме радоста на тој начин. Меѓутоа, бевме новопечени родители, несигурни и неискусни, па беше предизвик да држиме новороденче таму. Беа тоа измешани емоции – заклучила Кејт.

Кејт еден ден по првото породување со бебето Џорџ излезе пред фотографите, додека со второто и третото бебе, во јавност излезе по неколку часа.

Поврзани вести

Ема Вотсон поставува нови трендови на црвениот тепих

Селин Дион ѝ оддаде почит на мајка си на концерт

ОВЕН: Годишен хороскоп за 2020 година

Елена Даскалова

Почина актерот Макс фон Сидоф

Меган и Хари се вратија во Велика Британија (ФОТО)

Три намирници за подобро расположение

Елена Даскалова