Забава

5 грешки што несвесно ги правите при користење на средства за дезинфекција

По официјалните упатства за заштита од коронавирус, многумина се обезбедија со средства за дезинфекција. Но, она што можеби не го сфаќате е дека, исто како и со сапун и вода, постојат правилни и погрешни начини како да се користат.

Ова се некои од најчестите грешки што луѓето ги прават при употреба на средства за дезинфекција:

1. Го занемарувате миењето на рацете со вода и сапун

„Средството за чистење на раце не треба да се користат за видливо извалкани раце“, вели д-р Ина Хусеин, отоларинголог од Чикаго.

Со неа се согласува со Стивен Лојд, кој посочува дека „ништо не ги чисти рацете подобро од водата и сапунот, а средството за дезинфекција треба да се користи само доколку немате пристап до мијалникот“.

2. Погрешно нанесувате средства за дезинфекција

„Друга грешка е што луѓето не ги покриваат целосно своите раце“, вели Лојд.

„Важно е да го ставите меѓу прстите, како и под ноктите за да може средството да биде рамномерно распределено“, посочува тој, додавајќи дека средството за дезинфекција се нанесува исто колку и сапун.

3. Претерувате

„Средствата за чистење на раце не само што ги убиваат лоши бактерии, туку и добрите бактерии, штоможе да ја иритира кожата“, вели Др. Ронда Калашо од Лос Анџелес.

Ова е причината зошто се предлага да се навлажнат рацете со креми веднаш по употреба на средства за дезинфекција.

4. Не дозволувате средството да се исуши

„Една вообичаена грешка што луѓето ја прават при употреба на средства за чистење на раце е тоа што не можат да го нанесат до крај“, вели Лојд и додава: „Важно е да го триете во кожата сè додека не се исуши“.

5. Не користете доволно

Поради недостаток на средства за дезинфекција на пазарот, можеби ќе користите помали количини за да ви трае подолго. Сепак, ова може да предизвика средството да не ја заврши својата работа.

Поврзани вести

Портретот на кралицата со тројцата наследници на тронот ја обележува новата декада

Како во „Baywatch“: Нина Бадриќ маѓепса во црвен костум за капење

Влатко Зорба

Инфлуенсерка осудена на 116 години затвор поради измама

Билзеријан и неговите девојки добија казна за дивеење со џет-ски во Хрватска (ФОТО)

Лејди Гага со нов албум и нов имиџ

Stefanija Kuzmanovska

Шведскиот крал со драстични промени во редовите на престолонаследниците

user2