Забава

Авторот на „Игра на тронови“ обвинет за расизам и трансфобија

Џорџ Р.Р. Мартин, автор на „Игра на тронови“, е обвинет за наводни расистички, мизогинистички и трансфобични коментари на церемонијата за доделување награди „Хуго“ – престижни церемонии за убителите на фантазијата и научната фантастика.

Задачата на Мартин беше да се води однапред снимена церемонија за доделување награди – и тоа, според странските медиуми, тргнало наопаку, откако тој имал неколку испади во форма на несоодветни и политички неточни изјави, со што ги обесхрабрил темнокожите автори кои освоиле награди оваа година.

Тој погрешно ги прочита нивните имиња неколку пати, цело време зборуваше за бели автори кои, според него, оствариле подобри достигнувања во текот на изминатите децении од годинашните победници, па дури и ги пофали авторите за кои претходно беше докажано дека ја поддржуваат фашистичката идеологија.

Мартин исто така се потсмеваше со статуата на Оскар – зборувајќи за нејзините гениталии и давајќи политички неточни изјави за кои се смета дека го навредуваат трансродното население.

Некои колеги автори и корисници на Твитер остро се изразија за неговата „некоректност“ на церемонијата на доделување на наградите.

Поврзани вести

Овие фотографии од Кејт Мидлтон ја налутија кралицата Елизабета

user2

Феникс развил тешко „нарушување“ додека го снимал „Џокер“

user2

Фановите се подбиваат со фотографијата на Ким Кардашијан

Витни Хјустон преку холограм на турнеја

Кристина Денесовска

Британската влада спонзорира секс-клуб на другарка на Кејт Мидлтон

Влатко Зорба

Милан Поповиќ ја раскажа својата страна од приказната