Забава

Бањата на Деми Мур претворена во…дневна? (ФОТО)

Актерката Деми Мур се посветила на смислување нови идеи за време на периодот во изолација поради коронавирус, и решила да снима нови содржини во форма на подкасти, а нејзината неодамнешна објава на Инстаграм предизвика лавина од реакции.

Таа својот нов проект го нарече „Валкана Дајана“, а новитетите ги претстави на голема публика на социјалните мрежи.

Сепак, освен самиот проект, огромен број коментари беа предизвикани од импровизираното студио на Деми во нејзиниот дом.

Имено, станува збор за нејзината бања, која изгледа на сè, освен на бања.

Тоа е просторија со најдобра акустика, но дизајнот на ентериер предизвика спротивставени коментари,но многумина беа воодушевени.

Покрај вообичаената санитарија, во бањата на Деми има и тросед со цветна шема, разни антиквитети, скулптури, тепих…

„Дали каучот е во бањата или ВЦ шолјата во дневната соба“, е еден од многуте коментари од збунетата публика.

Поврзани вести

Исповед на сопругата на Џорџ Бест: Имаше секс во рехабилитација, се обиде да ја заведе и сестра ми

Кралицата ѝ го одзела целиот накит на Меган Маркл

Што се случува со фустаните на ѕвездите по Оскарите?

Елена Даскалова

Кетрин Зета Џонс со ќерката во модна кампања

Влатко Зорба

Денеска е св. архангел Михаил – небесна сила и заштита на земјата

Елена Даскалова

Цеца Ражнатовиќ: Ѓоковиќ и мене не напаѓаат како ние да сме ја донеле короната од Кина