Забава

Бекамови ја одложија венчавката на нивниот син поради короната

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија решија да ја одложат венчавката на нивниот најстар син Бруклин поради пандемијата. За да не дојде во непријатна ситуација да го крати списокот на гости, свадбата, која беше планирана за 2021 година, е преместена во 2022 година.

Наводно биле планирани две свадби за септември 2021 година, едната на Флорида, а другата на имотот на Бекамови во Англија, а бидејќи сè уште не се сигурни дали ќе мора да го намалат бројот на гости поради пандемијата, тие одлучија да го преместат во 2022 година.

Идните младенци се многу нетрпеливи, па можеби, според изворот, тие официјално ќе се венчаат без многу помпа, а прославата ќе ја организираат подоцна. Се проценува дека нивната венчавка ќе чини околу 5 милиони долари.

Сепак, таткото на актерката, Нелсон Пелц, наводно бара од идните младенци да потпишат предбрачен договор бидејќи не сака неговото богатство, односно наследството на неговата ќерка, кое се проценува на 1,6 милијарди долари, да заврши во рацете на Бекамови, доколку дојде до развод. Bогатството на Бекамови се проценува на околу 45 милиони долари.

Да потсетиме, Николас и Бруклин се свршија по седуммесечна врска, а вереничкиот дијамантски прстен чини неверојатни 200.000 долари.

Поврзани вести

Ќе се снима продолжение на „Принцот од Бел Ер“

user2

Авичи доби музеј во Шведска

Влатко Зорба

Принцот Вилијам: Цел живот го поддржував Хари, но веќе не можам

Елена Даскалова

Пpекpаcно видео: Тpи paзиграни мечки „yловени” на камeра на Jабланица

Погледнете го одличниот настап на Мила на детската Евровизија (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Рамацоти во Белград: Мој омилен клуб по Јувентус е Партизан

user5