Забава

Бен Афлек режира филм за создавање на култната „Кинеска четвртина“

Студиото „Парамаунт Филм“ потврди дека Бен Афлек ќе режира филм за создавање на „Чајнатаун“, филмска класика во која глумеше Џек Николсон.

„Големо збогум: „Кинеска четвртина“ и последните години на Холивуд“ е насловот на книгата на Сем Восон, која зборува за снимањето на култниот филм од 1974 година.

Афлек ќе ја адаптира споменатата книга, а покрај режијата, ќе се занимава и со продукцијата, заедно со креаторот на шоуто „Во живо сабота вечер“, Лорна Мајклс, пренесуваат странските медиуми.

„Чајнатаун“ се смета за еден од најголемите филмови на сите времиња, а го доби Оскарот за најдобро сценарио, напишано од Роберт Таун.

Поврзани вести

Меган се огласи за прв пат откако се пресели во новиот дом со Хари

Влатко Зорба

Реј Лиот во време на пандемија вежба пред теретаната

Тејлор Свифт наградена со „Уметник на деценијата“ од Американските музучки награди

user2

Мадона со бастун ја напушти концертната сала заедно со младото момче

Трите најчувствителни хороскопски знаци

Ник Нолти целосно непрепознатлив (ФОТО)

Елена Даскалова